Македонија Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

Европската комисија и Владата се многу сензитивни во поглед на каков било реваншизам врз партиска и политичка основа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, прашан дали има препорака од Европската Унија, за директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, и понатаму да остане на челната функција на агенцијата.

– Целта на реформата на јавната администрација е таа да се задснова на системот за унапредување преку заслуги, односно преку квалитет во работењето. Во одредени институции што сме ги утврдиле како најсензитивни, ќе се внимава во делот на именување – рече Османи, додавајќи дека сите именувања мора да бидат според законската процедура, транспарентни и без никакви елементи на политички и на партиски реваншизам.

Зоран Трајчевски беше назначен за директор на ААВМУ во април 2012 година, а шестгодишниот мандат му завршува во април следната година.

Стратегијата за деполитизација и за професионализација на јавната администрација треба да биде донесена до крајот на годинава, а истовремено треба да биде формиран и совет што ќе го координира спроведувањето на стратегијата.