Свет Европа Осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам денеска на судење во Белгија

Осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам денеска на судење во Белгија

Салах Абдеслам, единствениот преживеан осомничен за учество во терористичкиот напад во Париз, во ноeмври 2015 година, денеска треба да се појави во судот во Белгија, јавуваат светските медиуми.

Дваесет и осумгодишниот Абдеслам беше уапсен во Белгија четири месеца по нападот во кој во концертна сала, на стадион и во ресторани и барови беа убиени 130 луѓе, а неколку стотини беа ранети.

Сепак, обвинението против Абдеслам не се однесува на нападите во Париз, туку на вооружената престрелка со полицијата додека беше во бегство во Белгија.

Инаку, меѓу напаѓачите во Париз беше и братот на Абдеслам, Брахим, кој загина во самоубиствен бомбашки напад пред кафуле во Париз, потсетува „Би-би-си“.

Француското обвинителство смета дека Абдеслам имал клучна улога во нападите, но тој одби да соработува со истражните органи и не се очекува да се појави во судот во Франција пред 2020 година.

По нападот во Париз, Абдеслам стана најбараното лице во Европа, а беше пронајден додека се криеше во стан во областа Моленбек во Брисел.