Македонија Османи: За ДУИ состанокот кај Иванов е непостоечки зашто тој е нелегитимен...

Османи: За ДУИ состанокот кај Иванов е непостоечки зашто тој е нелегитимен претседател

„Тоа е непостоечки состанок затоа што Иванов е нелегитимен претседател.“ Вака, Бујар Османи, портпаролот на Демократската унија за интеграција, ни одговори на прашањето зошто ниту еден претставник од ДУИ не присуствуваше на вчерашната итна средба кај претседателот Ѓорге Иванов.

На вчерашниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов не присуствуваа претставници на албанскиот блок од владината коалиција.

На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Горанчо Котески, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и уште неколку високи претставници на безбедносните институции во земјава.