Македонија Османи во Брисел ќе копретседава со Комитетот за стабилизација и асоцијација

Османи во Брисел ќе копретседава со Комитетот за стабилизација и асоцијација

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за правда, Билен Салији, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска се во еднодневна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Османи заедно со директорката за Западен Балкан во Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера, ќе копретседава со 14. состанок на Комитетот за стабилизација и за асоцијација.

За време на посетата на Брисел, владината делегација ќе се сретне и со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и за соседска политика, Кристијан Даниелсон, од кого ќе побара поддршка и конкретни чекори од страна на Европската Унија кои ќе бидат поттик за задржување и за засилување на реформскиот и на европскиот курс на државата.