Македонија Османи од Узбекистан утре ја започнува посетата на Централна Азија

Османи од Узбекистан утре ја започнува посетата на Централна Азија

Османи посетата ќе ја започне од Ташкент, Узбекситан каде ќе оствари средба со државниот врв, како и со претставници на граѓанското општество

фото: Министерство за надворешни работи (МНР)

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ја започнува својата посета на Централна Азија во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дел од агендата е посета на Узбекистан и на Казахстан, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Османи посетата ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде ќе оствари средба со државниот врв, како и со претставници на граѓанското општество и на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор на Узбекистан.

Од оваа земја Османи ќе патува во Казахстан, каде исто така ќе има средби со официјалните државни лица.

Регионот на Централна Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојни предизвици, сега засилени и со влијанието од воената агресија на Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан, велат од МНР.