Македонија Османи – Безак: Реално остварливи цели за европска интеграција

Османи – Безак: Реално остварливи цели за европска интеграција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со словачкиот амбасадор, Мартин Безак.

„Очекувам претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирање на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури“, изјавил Османи.

Тој нагласил дека долгата политичка криза во земјата влијаела на сите сегменти од општеството, вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ.

Османи и Безак се согласиле дека Владата треба да се фокусира на реално остварливи цели, кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција.