Свет Оскар Писториус во петок ќе биде пуштен во домашен притвор

Оскар Писториус во петок ќе биде пуштен во домашен притвор

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус, во петок треба да биде пуштен во домашен притвор со електронска алка.

Писториус во февруари 2013 година ја уби својата девојка Рива Стинкамп, за што беше осуден на пет години затвор за убиство без умисла, а во затвор помина десет месеци.

Пуштањето на Писториус на слобода после десет месеци предвидено е со кривичниот закон на Јужна Африка со кој затворениците кои не се прогласени за опасни можат да отслужат една шестина од казната позади решетки. Остатокот од казната Писториус ќе мора да го помине под надзор.

Параолимпиецот остатокот од казната ќе го помине во лукзузната вила на својот вујко Арнолд, која се наоѓа во богато предградие на Преторија, со десет спални соби, приватна теретана и базен.

Родителите на убиената девојка изјавија дека казна од десет месеци затвор за некој кој одземал човечки живот не е доволна и со тоа испраќаат лоша порака на општеството.