Свет Организација на Обединетите нации одбележува 75 годишен јубилеј

Организација на Обединетите нации одбележува 75 годишен јубилеј

PHOTO:UN/Loey Felipe

Организацијата на обединетите нации (ООН) денеска ја одбележува ја одбележува годишнината од стапувањето во сила на Повелбата на ООН, донесена во 1945 година.

Со ратификувањето на овој документ од мнозинството нејзини потписнички, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност, се формира ООН.

Организацијата е формирана по Втората светска војна како наследник на Лигата на народите, како платформа за интернационална дебата и меѓусебно помагање, како и спречување на воени конфликти.

Целите на ООН вклучуваат промовирање и олеснување на соработката во меѓународното право, меѓународната безбедност, економскиот развој, социјалниот напредок, човековите права, граѓанските права и слободи, политичките слободи, демократијата и постигнувањето траен мир во светот.