Македонија Орав: Мора да се почитува правото на демонстрации, но тие мора да...

Орав: Мора да се почитува правото на демонстрации, но тие мора да бидат мирни

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска порача дека мора да се почитува правото на демонстрации, но оти тие мора да бидат мирни.

„ЕУ се залага за слобода на изразување и за мирни демонстрации. Државата е обврзана да ги почитува, заштитува и да ги промовира правата на слобода на размислување и на изразување“, напиша Орав на „Твитер“.

Реакцијата на евроамбасадорот доаѓа по синоќешните демонстрации, кои ескалираа со демолирање на канцеларијата на претседателот, судир на демонстрантите и на полицијата и резултираа со повредени и со приведени лица.

Неколку илјади граѓани изминатите два дена протестираат на улиците поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и функционери.