Македонија Општините Бутел и Шуто Оризари ќе добијат матични гинеколози

Општините Бутел и Шуто Оризари ќе добијат матични гинеколози

Oпштините Бутел и Шуто Оризари по голем број иницијативи од невладини организации конечно ќе добијат матични гинеколози, кои ќе служат во локалните клиники.

Министерството за здравство проблемот ќе го решава со кофинансирана специјализација на 30 гинеколози, кои освен во скопските општини ќе бидат распоредени и во места како Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија, кои првпат ќе добијат матичен гинеколог.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, рече дека со доделените кофинансирани специјализации, бројот на матични гинеколози ќе се зголеми за 22 отсто и со тоа Македонија значително ќе се доближи до европскиот стандард.