Македонија Општина Центар: Загрижувачка е опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со Жерновски

Општина Центар: Загрижувачка е опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со Жерновски

„Опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалникот Жерновски станува загрижувачка. Очигледно е дека сè уште не може да се помират со катастрофалниот резултат во Општина Центар, каде изгубија убедливо со најголема разлика споредено со сите општини во Македонија“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе десет дена по ред, ВМРО-ДПМНЕ оддржува бесцелни прес-конференции повторувајќи ги истите работи. Граѓаните добро знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ за 13 години владеење во Центар, кое владеење ќе остане запаметено по огромниот криминал во изградбите на непотребните споменици и барокни згради. Затоа и така ги казнија на последните избори, затоа така ќе ги казнат и на следните“, се вели во реакцијата на Општината.

Оттаму додаваат дека на ВМРО-ДПМНЕ им порачуваат сериозно да размислат на што се должи катастрофалниот резултат кој го имаат во Центар и да почнат да прават промени во своите редови.