Македонија Општина Центар: Боемска улица чини колку една опашка на спомениците лавови

Општина Центар: Боемска улица чини колку една опашка на спомениците лавови

Креаторите на најкриминалниот проект „Скопје 2014“ продолжуваат со негативната и приземна кампања кон Општина Центар, се вели во реакцијата на Општината на прес-конференцијата на Јордан Ристевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

„Боемската улица, која е изградена од врвни материјали и на која целосно се реконструирани инсталациите и водоводните мрежи, чини колку една опашка од лавовите на мостот Гоце Делчев. Таа чини помалку од завесата во барокниот театар. Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Центар потроши 55 милиони евра на споменици потпишани од претходното раководство на Општината, а денеска обвинува за реконструкција на улици“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Оттаму додаваат дека и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со сопругата и со највисокото раководство на партијата ја посетил улицата и уживал во еден од рестораните.