Македонија Општина Охрид ја прифати оставката на Нефи Усеини од советничката функција

Општина Охрид ја прифати оставката на Нефи Усеини од советничката функција

Фото: ФБ

Со 12 гласа „ЗА“ советниците на Општина Охрид ја прифатија оставката која претходно си ја поднесе советникот Нефи Усеини.

Усеини беше советник од ДУИ уште од 2017 година.

На јавноста ѝ е познат по кривичните пријави кои беа поднесувани против него и во минатото како за насилство, физички напади, узурпација на простор.

Пред неколку месеци, против него и неговиот брат, охридската полиција поднесе кривични пријави до Јавно обвинителство поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Кривичната пријава доаѓа по инцидентот кој се случи на 18 август годинава во центарот на Охрид во кој го нападнале Спиро Топалоски.