Македонија Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

Советот на Општина Гостивар утре ќе одржи вонредна седница по повод страшната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица, а околу триесетина други беа повредени.

„На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување. На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост  во знак на почит кон загинатите.Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување“, се вели во соопштението.