Свет ОН: Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија

ОН: Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија

Обединетите нации соопштија дека повеќе од четири милиони Сиријци побегнале од своите земји откако почна граѓанската војна пред четири години.

Неодамнешниот бран мигранти и статистичките податоци на Турција потврдуваат дека вкупниот број бегалци поради конфликтот во Сирија е поголем од бројот на раселени лица во која било друга криза во последните 25 години, се наведува во соопштението УНХЦР.

Според податоците на УНХЦР, 7,6 милиони Сиријци ја напуштиле татковината.