Свет ОН побараа од кипарските Грци и Турци да постигнат договор

ОН побараа од кипарските Грци и Турци да постигнат договор

Од кипарските Грци и Турци, Советот за безбедност на ОН побара да ја искористат сегашната можност од обновените преговори и да постигнат мировен договор за обединување на островот.

Во резолуцијата на СБ на ОН се поздравува напредокот во новите преговори, водени од кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и од кипарскиот турски лидер Мустафа Аканџ, и напорите за постигнување сеопфатно и целосно решение.

Советот нагласува дека сегашното статус кво не може да продолжи. Резолуцијата го продолжи и мандатот на мировните сили на ОН во Кипар до 31 јануари 2016 година. Мисијата е составена од 1.100 луѓе распоредени на островот од 1964 година. Кипар е поделен од 1974 година.