Свет ОН: Опаѓа бројот на жените во политиката

ОН: Опаѓа бројот на жените во политиката

Бројот на жените на важни политички функции стагнирал минатата година во светот, се наведува во студијата на ОН, во која се изразува загриженост поради нерамноправноста на половите.

Само 17 отсто од жените биле шефови на држави или влади во 2016 година, додека во 2015 година тоа било 19 отсто. Кога станува збор за мандати, на разни избори во 2016 година, освоиле 22,3 отсто, додека во 2015 година биле 25 отсто.

– Резултатите се алармантни – наведе директорката на Агенцијата за жени на ОН, Фумзиле Мламбо-Нгсука, и додаде дека власта во светот претежно ја држат мажите.

Повеќето жени имаат министерски места во ресорите животна средина, енергетика или природни ресурси, како и социјални прашања.