Свет ОН: Најмалку 200 милиони жени се подложени на обрежување

ОН: Најмалку 200 милиони жени се подложени на обрежување

Најмалку 200 милиони жени и двојки во 30 земји се подложени на обрежување, од кои половина се од Египет, Етиопија и од Индонезија, соопшти Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ).

Бројката е за речиси 70 милиони девојки и жени поголема во споредба со таа од 2014 година.

Генералното собрание на ОН едногласно ја одобри резолуцијата во декември 2012 година во која се повикува на глобална забрана на гениталното сакатење на жените, што е повеќевековна практика што произлегува од верувањата дека обрежувањето ја контролира женската сексуалност и ја зголемува плодноста.

ОН повикуваат на целосна елиминација на оваа практика до 2030 година.