Свет ОН: Јемен е на работ на глад

ОН: Јемен е на работ на глад

Конфликтот во Јемен помеѓу бунтовниците и силите на локалните власти ја довела земјата на работ на глад, предупреди извршната директорка на Светската програма на Обединетите Нации за храна.

Ертарин Кузин истакна дека на пазарот на Јемен нема доволно храна да се прехранат 24 милиони граѓани кои живеат во земјата, од кои за 13 милиони итно е потребна помош.

Хуманитарните организации немаат пристап до областите на кои живеаат најзагрозените жители на Јемен затоа што таму се уште има воени конфликти.

Кузин која претходните три дена ги поминала во Јемен, истакнала дека борбата околу големите пристаништа ја спречува доставата на хуманитарна помош на време.

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан кој исто така неодамна се врати од Јемен, на Советот за безбедност рекол дека во таа земја скалилото на човековото страдање е речиси незамисливо.

О’Брајан исто така остро ја критикуваше коалицијата на чело со Саудиска Арабија која во Јемен го бомбардираше пристаништето Ходеида, истакнувајќи дека се работи за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Пристаништето кое се наоѓа на западната обала на Јемен, во вторникот беше бомбардирано кога во моментот во него се наоѓал брод на Светската програма на ОН за храна.

– Исклучително сум загрижен дека бомбардирањето на Ходеида би можело да има огромно влијание на целата земја, а сигурно ќе ги зголеми хуманитарните потреби – наведе О’Брајан.