Македонија ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити

ОМД: Правото на глас на дијаспората мора да се заштити

За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас е несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за еконосмкиот развој на Република Македонија, реагираат од Обединетата македонска дијаспора на информациите дека на вчерашниот состанок на работната група на партиите се договарало можно укинување на гласањето на дијаспората.

„Ги следиме сите активности на работната група за измени на изборниот законик и ги осудувaме сите напори што би наштетиле или би го одзеле правото на македонските иселеници да гласаат на претседателските и на паралментарните избори во трите изборни единици во странство“, реагираат од ОМД.