Свет Европа Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот

Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француските власти ќе ги дознаат причините за падот на авионот на „Џерманвингс“ на Алпите, при кој загинаа 150 луѓе.

Говорејќи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Маријано Рахој во близина на местото на несреќата, Оланд рече: „Франција е со вас“.

„Ербас А320“ на „Џерманвингс“ се урна вчера по осумминутно спуштање. Инспекторите рекоа дека можат да извлечат употреблива аудиоснимка од црната кутија, за која беше соопштено дека е оштетена.

Според досегашните информации, екипажот не испратил сигнал за помош и не одговорил на очајните обиди за контакт од контролата на летање.