Свет Европа Оланд: Да се исфрлат од ЕУ земјите што не ги почитуваат правилата

Оланд: Да се исфрлат од ЕУ земјите што не ги почитуваат правилата

Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека земјите што не ги почитуваат сите принципи на ЕУ би можело да бидат исфрлени од Унијата.

Германскиот весник „Дојче виртшафтс нахрихтен“ го пренесува ставот на Оланд дека земјите што нема да ја почитуваат слободата на медиумите и човековите права би требало да бидат отстранети од Унијата.

Оланд, како што наведува весникот, мисли на земјите во кои владее политичката десница, позната по евроскептичните ставови и по отфрлањето на некои европски принципи.

Тој смета дека ЕУ би требало да иницира процедура за изоставување на такви држави, а како пример го наведува сегашното однесување на Полска.

– ЕУ има право да се заштити од земји што ги кршат нејзините принципи – рече Оланд.