Свет Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава.

Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица.

Повеќе од 25.000 припадници на ирачката војска, курдски сили и шиитската милиција напредуваат кон Мосул од различни насоки.

Ослободувањето на градот би можело да потрае со месеци.