Македонија ОЈО: Воспитувачка од скопска градинка со супена лажица му расцепила глава на...

ОЈО: Воспитувачка од скопска градинка со супена лажица му расцепила глава на дете

Фото: Anemone123 на Pixabay

Воспитувачка во детска градинка во скопската населба Автокоманда доби обвинение за насилство врз дете. Основното јавно обвинителство Скопје денеска, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

Според информациите кои ги објави ОЈО, на 01.09.2021 година 48-годишна воспитувачка со метална супена лажица го удрила детето по главата, при што му нанела телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето, додека го делела ручекот за децата во групата.