Македонија ОЈО утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

ОЈО утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид го доби наодот од обдукција и од токсиколошката анализа на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот центар Охрид.

„Патолошко-хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата, навлегувајќи во крвта, предизвикала сепса. Детето првпат било примено на 25 август и по препишана терапија било пуштено дома. Поради влошување на состојбата, тоа двати било донесено во охридската болница, но последниот пат без знаци на живот“, информираат од ОЈО.