Македонија ОЈО поднесе обвинение за напаѓачот на пратеникот Горан Милевски

ОЈО поднесе обвинение за напаѓачот на пратеникот Горан Милевски

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти дека поднело обвинение против напаѓачот на пратеникот Горан Милевски, кој е и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП).

Обвинението е за насилство, но од ОЈО Скопје не го соопштуваат идентитетот на напаѓачот, но откриваат дека е откриен по јавување на граѓани, откако била објавена негова фотографија на веб-страницата на МВР. Обвинителството од судија на претходна постапка побарало и притвор за напаѓачот.

Нападот се случи на 25 март годинава на плоштадот Македонија во Скопје.