Дописници Охриѓанец со мачета нападнал пријател

Охриѓанец со мачета нападнал пријател

Триесетгодишен охриѓанец вчеравечер, во својот дом, со мачета му нанел повреди на свој пријател, кој заедно со сопругата бил на гости кај него, соопшти СВР Охрид.

Како што информираат оттаму, А.Р. (30) бил повреден во стомакот, левата рака и на лицето и е пренесен и задржан на лекување во медицинскиот центар во Охрид.

Напаѓачот, В.К. (30), е приведен и против него, по расчистувањето на случајот, ќе биде поднесена пријава.

Инцидентот се случил околу 1.30 часот, во домот на В.К., на улицата Радојца Новичиќ, во Охрид, кога дошло до расправија меѓу двајцата пријатели, а потоа осомничениот со мачета замавнал и му ги нанел повредите на гостинот.

В.М.