Хроника Охриѓанец ја претепал ќерка си со дрвена ногалка

Охриѓанец ја претепал ќерка си со дрвена ногалка

Педесет и едногодишен охриѓанец е осомничен дека пред два дена со дрвена ногалка ја претепал својата ќерка, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.

Како што информираат од полицијата, во неделата И.Ш. (51) почнал расправија со својата ќерка, во нивниот дом во градот, а потоа ја нападнал удирајќи ја со дрвена ногалка. По инцидентот, таа била згрижена во болницата „Св. Еразмо“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Осомничениот И.Ш. бил приведен во СВР Охрид, а потоа и лишен од слобода. Од полицијата информираат дека над него бил извршен алкотест, но не била констатирана состојба на алкохолизираност.

Против таткото, СВР Охрид поднел кривична пријава за тешка телесна повреда.