Дописници „Охридско лето“: Празнична програма со литванскиот „Хортус музикус“

„Охридско лето“: Празнична програма со литванскиот „Хортус музикус“

Дирекцијата на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ одбра вечерва, за илинденската празничната програма, да ја исполни со настапот на ансамблот „Хортус Музикус“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21 часот.

На програмата се „Кармина Бурана“ од Карл Орф и традиционални еврејски песни.

„Хортикус музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од неговиот уметнички директор и диригент Андрес Мустонен и е постојано присутен на светските концертни сцени.