Култура „Охридско лето“: Филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба

„Охридско лето“: Филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба

Денеска на фестивалот „Охридско лето“ посетителите ќе имаат можност да проследат богата програма, која вклучува филмски маратон, музички концерт и ликовна изложба.

Во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржат Нинослав Димов на саксафон и Маја Поповиќ на пијано.

Во рамките на фестивалот, вечерва ќе се одржи филмски маратон, кој е во знакот на двата големи јубилеи – 55 години „Охридско лето“ и 60 години присуство на филмското платно на Емил Рубен. Филмскиот маратон ќе ги опфати филмовите „Малиот човек“ (1957), „Истрел“ (1972) и „Трето полувреме (2012).

Вечерва, исто така, во Големиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Настанување – исчезнување“ од Боро Рудиќ.