Дописници Охридски хорски фестивал-распеани паркови и шеталишта

Охридски хорски фестивал-распеани паркови и шеталишта

Од синоќа до 31-ви август. во Охрид се одржува осмото издание на Охридскиот хорски фестивал, впечатлива манифестација која им дава распеаност и разиграност на многу локации во централното градско подрачје.

Учествуваат 22 хорови од 11 европски земји.

Фестивалот има ревијален и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории.

Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.

Публиката синоќа уживаше во настапите на отворено во центарот на градот, а попладнево ќе се одржат натпреварувачките концерти во Дијамантската сала на хотел „Инекс Горица“, со почеток во 17:30 часот.

Жири комисијата и годинава ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Република Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија).