Македонија Охрид СОС со еко-перформанс ќе влијае врз зголемување на еколошката свест кај...

Охрид СОС со еко-перформанс ќе влијае врз зголемување на еколошката свест кај младите

Граѓанската иницијатива Охрид СОС денеска преку еко-перформанс ќе се обиде да влијае на еколошката свест кај младите, но и да потсети на исклучителните природни вредности на Охридското Езеро.

Перформансот со артисти, кои ќе ја раскажат приказната за трската, ќе се одржи во паркчето пред хотелот „Палас“ во центарот на Охрид. Според организаторите, овој настан е и најава за почетокот на новата сезона.

„Туристичката сезона во регион со исклучителни и светски признати природни вредности не смее да трае еден месец. На регионот му е неопходен целогодишен еко-туризам. Неопходни му се помалку туристи кои се подготвени да платат повеќе. Регионот е целосно несоодветен за евтин масовен туризам и затоа таквите пакети мора што побргу да се исклучат од понудата,“ велат од Охрид СОС.