Дописници Охрид се наполни со туристи

Охрид се наполни со туристи

Во Охрид и покрај нестабилното, променливо и врнежливо време, допатуваа голем број гости кои овде ќе го минат продолжениот велигденско-првомајски викенд.

Хотелиерите се пофалија дека распродале повеќе од 90 проценти од своите капацитети.

Приватните издавачи на станови нудат сместување по цени од 400 денари за кревет, до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла.

Најголемиот број од гостите се од земјата, но ги има и од соседството: Србија, Бугарија, Грција, како и од Турција и од Албанија.