Дописници Охрид на саем за туризам во Прага

Охрид на саем за туризам во Прага

Македонскиот туристички и прв летен културен центар Охрид, од денеска се претставува на саем за туризам во Прага, Република Чешка.

Презентацијата на туристичката понуда на Охрид наменетеа е, пред сè, за чешките тур-оператори, а ќе биде претставено културно-историското наследство, традиционалната храна, сместувачките капацитети и целокупната понуда на градот.

На саемот се присутни претставници на сите поголеми хотели и туристички агенции од Охрид, како и делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески.

Присутен е и тим од секторот за туристички локален економски развој (ТЛЕР).

Од локалната самоуправа во Охрид велат дека настапот во Чешка е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, по успешната презентациаја во Стразбур, во Советот на Европа.

В.М.