Дописници Охрид попладнево „окупиран“ од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Охрид попладнево „окупиран“ од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја почнува со митинг на градскиот плоштад во Охрид. Бината е наместена. Веќе се тргнати долгите карвани од автобуси, комбиња и лесни возила со членови и со симпатизери од сите краишта на земјата.

Како што јавува дописникот на „Мета“, Охрид ќе биде под целосна окупација од членови и од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

На традицијата и на заедничкото минато, инсистира и ВМРО-НП. Заедно со коалицијата ВМРО за Македонија, теренската кампања исто така ќе ја почне од Охрид, но утревечер, за да не се сретнат изборните карвани. Од владејачката партија најавија интензивна и богата кампања, која ќе опфати повеќе сегменти.

– Ќе одржуваме и митинзи, а ќе имаме и средби со граѓаните. Кампањата ќе ја водиме и низ електронските и низ печатени медиуми, а и преку спотови – изјави за „Мета“ Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.