Спорт Охрид доби признание и благодарница од Светската пливачка федерација

Охрид доби признание и благодарница од Светската пливачка федерација

Градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид станаа добитници на признание од Светската пливачка федерација и благодарница за големиот придонес во успешната организација на годинешниот 29-ти Охридски пливачки маратон.

Наградите му беа врачени на градоначалникот, Никола Бакрачески на синоќешната свеченост што се одржа во Охрид, по повод доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и женска конкуренција на охридскиот пливачки маратон.