Свет Европа Ограничена употребата на возила во Милано

Ограничена употребата на возила во Милано

Италијанските власти одлучија да ја ограничат употребата на моторни возила во Милано во текот на три дена следната недела поради загаденоста на воздухот.

Забраната ќе биде на сила од понеделник, 28 декември, во период од 10 до 16 часот.

Градоначалникот на Милано, Џулијано Писапи, ги повика сите градски општини да го почитуваат тридневното ограничување на користењето моторни возила.