Хроника Ограбени цркви во Чифлик и во Облешево

Ограбени цркви во Чифлик и во Облешево

Помеѓу средата и четвртокот оваа недела, непознати сторители ограбиле две цркви во кочанските села Чифлик и Облешево, информираат од МВР.

Едната кражба, според полициските информации, е извршена во црквата „Свети Наум“ во селото Чифлик и се одземени околу 2.000 денари и прстен од бело злато.

Другиот случај бил регистриран во црквата „Света Недела“ во селото Облешево, каде од метални каси биле украдени околу 10.000 денари.