Хроника Ограбени три момчиња под закана со пиштол

Ограбени три момчиња под закана со пиштол

Тројца тинејџери околу 1.30 часот синоќа биле ограбени во центарот на Скопје од три непознати лица, информираа од МВР.

Според полицијата, непознатите машки лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Н.С. (17) , Б.Д. (18) и Д.И. (18), сите од Скопје, при што им одзеле 1.240 денари.