Хроника Ограбени стан и куќа во Скопје и во Инџиково

Ограбени стан и куќа во Скопје и во Инџиково

Скопската полиција деновиве регистрирала две тешки кражби, една на улицата Желево во Скопје, а другата во селото Инџиково, информираат од МВР.

Според полицијата, во периодот од 25 до 28 декември, крадец преку балкон влегол во стан на улицата Желево, во кој како потстанар живеел Б.П. (46) и однел девизи и разновиден златен накит. Вредноста на пленот била проценета на околу 350.000 денари.

Втората кражба се случила во неделата викендов, кога непознат сторител провалил во куќата на И.Д.(40) во Инџиково и украл евра, златен накит и парфем, сè во вкупна вредност од 450.000 денари.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за откривање на крадците.