Хроника Ограбени скопјанец и жител на битолска Бистрица

Ограбени скопјанец и жител на битолска Бистрица

Вредноста на пленот во двете кражби изнесува над 700.000 денари

Две тешки кражби вчера биле регистрирани од полицијата, од кои едната во Скопје, а другата во битолското село Бистрица, во кои арамиите однеле денари, девизи и златен накит.

Како што информираат од МВР, кражбата во Скопје се случила во стан на С.М.Ф. (44), на улицата Ангел Димовски, во кој крадецот влегол користејќи погоден клуч. Според пријавата на сопстевникот, од станот биле украдени пари и златен накит, во вкупна вредност од 400.000 денари. Полицијата извршила увид на местото и трга по сторителот.

Во домот на Е.К. во селото Бистрица, арамијата, пак, влегол откако го нашол клучот од влезната врата и со себе однел девизи и денари во износ од околу 315.000 денари.