Хроника Ограбени двајца малолетници во Скопје под закана со нож

Ограбени двајца малолетници во Скопје под закана со нож

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М.Т. и Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад “Македонија“.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Ова е трет случај на напад со нож и ограбување малолетници во Скопје во изминатите 48 часа. Претходните два беа извршени во петокот на булеварот „Партизански одреди“.