Хроника Ограбена жена во центарот на Скопје

Ограбена жена во центарот на Скопје

Педесет и петгодишна жена вчера попладне била ограбена од две непознати лица пред менувачница во центарот на Скопје, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, околу 16 часот, пред менувачница на улицата Рузвелтова, двете лица ѝ ја украле чантата на Г.П., во која имала денари и девизи.

Според полицијата, крадците однеле плен од околу 300.000 денари.