Хроника Ограбена куќа во населбата Ченто

Ограбена куќа во населбата Ченто

Непознат сторител ноќта меѓу неделата и понеделникот провалил во куќа во скопската населба Ченто, од каде однел плен чија вредност била проценета на околу 4.400 евра, соопшти полицијата.

Според полицијата, од куќата биле украдени златен накит, лаптоп, очила за сонце, двоглед и други предмети.

Полицијата засега нема осомничен за тешката кражба.