Хроника Ограбена бензинска во Виница

Ограбена бензинска во Виница

Непознато маскирано лице вчера, околу околу 03.00 часот ја ограбил бензиската пумпа „ЕЛ-ГО“, на место викано „Липечко поле“, во Виница.

Како што соопшти полицијата, маскираниот крадец му се заканил со пиштол на вработениот и одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот.
СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.