Хроника Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во Чаир

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во Чаир

Маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, утрово ограбил бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.

Разбојништвото се случило околу 4 часот, на бензинската станица на „Макпетрол“ на улицата Кемал Сејфула. Вооружениот и маскиран разбојник со закана, од двајцата вработени одзел околу 168.000 денари, а потоа побегнал.

Полициски екипи извршиле увид и, како што информираат, работат на расчстување на случајот.