Хроника Ограбена аптека во Тетово

Ограбена аптека во Тетово

Вчера, околу 19.40 часот, во аптека „Виталек“ лоцирана на улицата Борис Кидрич во Тетово, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработената, при што ѝ се заканил, ја удрил со рачка од пиштолот во пределот на главата и ѝ ги одзел дневниот промет околу 23.000 денари, еден мобилен телефон и уште 470 денари.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоаѓње на сторителот.