Хроника Ограбена аптека во Скопје

Ограбена аптека во Скопје

Непознато лице со закана со нож ограбило аптека синоќа во 21 часот на улица Бутелска во Скопје.

Напаѓачот со нож им се заканил на вработените и ги украл парите од дневниот промет.

Екипа на полицијата извршила увид на местото на настанот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.