Македонија Оер: Сега на ДИК ѝ претстои суштинска работа

Оер: Сега на ДИК ѝ претстои суштинска работа

Сега ѝ претстои суштинска работа на Државната изборна комисија (ДИК), затоа што кај нив треба да се спроведе најголемата работа, односно за еден месец пред одржувањето на изборите да се добие избирачки список што ќе биде стабилен и прочистен и во кој сите гласачи ќе имаат доверба, истакнала француската амбасадорка Лоренс Оер на отворениот ден со граѓаните на Струмица, каде што се дискутирало на тема „Права и политички слободи на граѓанинот“.

Оер изразила задоволство од започнувањето на теренската проверка на податоците и надеж дека проверката ќе ги даде очекуваните резултати.

– Инаку, станува збор за процес кој ние одблиску го следиме и поддржуваме и кој што ќе придонесе за зголемување на довербата кај граѓаните, за изборите на крај да бидат оценети како фер и демократски. Слободата на слободен избор е нешто што е од суштинско значење, но тоа не е единствениот услов. Постојат и други услови, како, на пример, независноста на медиумите, поделеноста на средствата од државата и политичките партии и низа предизвици за кои денеска сосема отворено говоревме и кои ќе нè однесат до изборите на 5 јуни – изјавила амбасадорката Оер.