Македонија Одземен пасошот на Фросина Ременски, не смее да го напушта Скопје

Одземен пасошот на Фросина Ременски, не смее да го напушта Скопје

Основниот кривичен суд Скопје попладнево информираше дека на пратеничката и заменик-претседател на Собранието, Фросина Ташевска – Ременски, како и на Миле Јовановски, таткото на таткото на Бојан Јовановски – Боки 13 им се одземени пасошите, не смеат да го напуштаат Скопје и секоја недела мора да се јавуваат во суд. За третиот од проширениот состав на осомничени за случајот „Рекет“, Х.Б. била изречена мерка одземање на пасошот.

Мерките на претпазливост била побарани од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), а осомничените биле повикани во суд денеска за да им бидат соопштени мерките.

Осомничените имаат право на жалба, велат од судот.

ОЈО-ГОКК вчера ја почна истрагата против уште четири лица и Меѓународен сојуз на Боки 13, со што практично го прошири случајот „Рекет“

ОЈО-ГОКК денеска поднесе обвиненија против против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, осомничени во случајот „Рекет“.

Како што се наведува во соопштението од обвинителството, првообвинетиот се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а двете други лица за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинетото лице се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.